Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Општина Струга го продава луксузното „Ауди“ на поранешниот градоначалник Мерко

Луксузот на Рамиз Мерко, товар за новата локална власт- Аудиото од 67.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луксузот на Рамиз Мерко, товар за новата локална власт- Аудиото од 67.000 евра кое екс градоначалникот го седна и на обвинителна клупа,општина Струга сега го продава. Тој беше гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.Контроверзниот градоначалникот кој се најде на црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси,куртули од затвор.Судот го ослободи од вина за луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра.Со одлука на гратските советници засега на продажба оди само Аудито А6. 

” И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време кога не беа запазени приоритетите на граѓаните.Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаа да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило”–вели Коста Хјохи-советник од ВМРО ДПМНЕ,Струга  

Службениот автомобил со кој Мерко се развозуваше,сега ќе го вози некој за 6 пати пониска цена,неговата моментална проценета вредност изнесува 10.000 евра. 

Реклама

ТЕЛОП Општина Струга :” Согласно важечките прописи, за возилото е пресметувана годишна амортизација од 15%, при што неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари или 10.000 евра. Почетната цена на продажбата ќе биде еднаква на проценетата вредност, утврдена од овластен проценител.Крајната продажна цена ќе се утврди преку самата постапка на јавно електронско наддавање.”  

 Аудито кое како службено возило се користело 6 години, било поправано два пати:во март 2024-та и во јануари 2025-та за што биле потрошени вкупно 4.000 евра.Прашавме и колку пари месечно трошел Мерко за гориво.  

-Во однос на трошоците за гориво, евиденција се води за целиот возен парк на општината, а не поединечно по возило. Заради обемот на податоците  за споредба е земен ист месец во две последователни години.Во декември 2024 година за горило отишле 1000 евра,а во  декември 2025-та, 446 евра,информираат од општинската администрација.Покрај аудиото Мерко набави и 3 шкоди,дали и тие ќе се продаваат, ќе се одлучувало врз основа на нивната техничка состојба, економска оправданост и реалните потреби на општинската администрација.  

Инаку во комфорните автомобили со 5 седишта од по 18-тина илјади евра Мерко своевремено изјави дека ќе се возеле не само за службени патувања, туку и низ град,оти Струга се протегала на територија од 50 км и не се одело пеш нити со велосипеди.Побрзи коли,поефикасна администрација,вака Мерко ја правдаше набавката на новите коли кои летаа по струшките улици.