Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Општина Маврово и Ростуше како поддршка за младите и претприемништвото воведува нова мерка за помош при основање бизнис

Советот на Општина Маврово и Ростуше, на предлог на градоначалникот Онер Јакупоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Маврово и Ростуше, на предлог на градоначалникот Онер Јакупоски, донесе одлука насочена кон поттикнување на локалниот економски развој и поддршка на младите претприемачи.

-Новата мерка предвидува конкретна поддршка за физички лица на возраст од 18 до 29 години кои се постојани жители  и сакаат да основаат сопствено трговско друштво (фирма) на територијата на нашата општина, информираа од општината. 
 
Додаваат дека главниот фокус на оваа одлука е олеснување на почетните чекори во бизнисот преку обезбедување на бесплатна правна помош, како и консултативна поддршка за младите сограѓани кои планираат својата професионална иднина да ја градат во родното место. 
 
-Младите се движечката сила на нашата заедница. Со оваа мерка сакаме да им порачаме дека општината е нивен партнер, кој ќе им помогне полесно да ги поминат административните пречки и да ги реализираат своите бизнис идеи- истакнал градоначалникот Јакупоски, нагласувајќи дека локалниот економски развој е негов прв приоритет. 
 
Посочил дека локалната власт во континуитет ќе продолжи да создава услови и да спроведува мерки за поддршка на сите групи граѓани, со цел подобрување на економскиот стандард и квалитетот на животот во регионот.  
 
Општинските служби, како што наведуваат од општината, се подготвени во секој миг да им помогнат на заинтересираните за сите информации.