Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Општина Куманово распиша два јавни повици за поддршка на здруженија за спроведување активности од социјална и здравствена заштита

Општина Куманово распиша два јавни повика за финансиска поддршка на здруженија кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово распиша два јавни повика за финансиска поддршка на здруженија кои ќе реализираат превентивни активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита. За овие намени од општинскиот буџет се обезбедени вкупно 650.000 денари.

Првиот јавен повик за реализација на социјална, детска и здравствена заштита се однесува на финансиска поддршка за организирање превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита. Согласно Програмата за развој на социјалната заштита на Општина Куманово за 2026 година, предвидени се активности за намалување на социјалните ризици и социјалната исклученост преку организирање кампањи, трибини, работилници, проекти, фокус групи и изработка на промотивен и превентивен материјал. За оваа намена од буџетот на Општина Куманово се обезбедени 500.000 денари, а максималниот износ по апликација изнесува до 100.000 денари. Право на учество имаат здруженија регистрирани во Централниот регистар  со седиште во Куманово, кои имаат програма за работа за 2026 година и најмалку една година активно работење и реализирани активности од областа на социјалната и детската заштита.

Вториот јавен повик е за финансиска поддршка на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравствената заштита. Повикот опфаќа активности за промоција на здрав начин на живот, превенција на болести, поддршка на лица со попреченост, како и намалување на социо-здравствени ризици преку едукативни и превентивни кампањи. За реализација на овие активности се обезбедени 150.000 денари, а максималниот износ по апликација е до 50.000 денари.

Реклама

На двата јавни повика, здруженијата можат да поднесат само еден предлог-проект. Потребната документација и апликационите формулари се достапни на веб-страницата на Општина Куманово. Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на повиците, односно од денеска, 26 мај до 9 јуни 2026 година. Апликациите треба се доставуваат во писмена форма до општинската архива или по пошта со соодветна назнака до надлежното одделение.