Општина Кочани навреме реагирала и се обидела да го спречи отворањето на дискотеката „Пулс“ во индустриската зона – тврди сведок на судењето за трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица.
Пред судот сведочеше Драги Илиевски кој бил раководителот на Одделението за уредување на градежно земјиште во 2012 година од Општина Кочани. Градоначалник бил Ратко Димитровски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Според него објектот бил лоциран во зона наменета исклучиво за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителски објекти од ваков тип не се дозволени. Од страна на Ошштината биле сите адлежни институции информирани дека не смејат да дадат согласност за издавање на дозвола.
Драги Илиевски, Општина Кочани СЛИКА ОД СУДЕЊЕТО

„Не е направена пренамена на објектот, ниту пак може да се смени зоната. Целиот локалитет е за лесна индустрија, вели Драги Илиевски, Општина Кочани СЛИКА ОД СУДЕЊЕТО
Тогашниот градоначалник Ратко Димитровски побарал информација од Министерството за економија дали за компанијата е издадена лиценца, но откако не добиле одговор, било испратено директно барање до Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Доставено е и до директорот на Државниот пазарен инспекорат. Претходниот градоначалник Ратко Димитровски имаше сознанија дека ќе се отвора дискотека или ноќен клуб, има поднесено барање до Миниитерството за економија за информација дали на компанијата „Класик“ имаат издадено лиценца за отворање на дискотека или немаат издадено. Тоа е на 19.10.2012 година. Ова барање ние почекавме одреден период за да добиеме повратна информација за лиценца, не нѐ удостоија со повратен одговор и со договор на градоначалникот јас пишав до директорот на Државниот пазарен инспекторат, барање за неиздавање на лиценца за дискотека, вели Драги Илиевски, Општина Кочани СЛИКА ОД СУДЕЊЕТО.
Иако првично било дадено позитивно мислење за користење на паркинг-просторот, општината го повлекла откако дознала дека се планира отворање дискотека.
Адвокатката на сопственикот на „Пулс“, Ивана Коцевска рече дека не постои , доказ за официјално известување на газдата на Пулс, за повлекувањето на дозволата за паркинг, како и дека конечната дозвола ја издава Министерството за внатрешни работи, а не општината.
Судењето продолжува со сослушување на нови сведоци, додека дел од предложените беа повлечени со согласност на странките.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настапот на ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата – со 63 жртви и над 200 повредени.
