Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Општина Кисела Вода не ги остави на цедило најранливите- нараквици со „Итно копче“ за брза помош и интервенција 

За Петранка Димишкова новата услуга „Итно копче“ дава нова надеж и чувство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Петранка Димишкова новата услуга „Итно копче“ дава нова надеж и чувство на сигурност, дека во нејзината тридецениска борба со дијабетесот и локалната самоуправа стои зад неа, да и се најде кога и е најпотребно.

Во соработка со црвениот крст, а финансирано од општината Кисела Вода, најранливите катеогрии граѓани од овој дел на главниот град, добиваат нова социјална услуга, достапна 24/7. Нараквицата со копче, која од денес ќе ја носат неколкумина, ќе овозможи брз пристап до помош. Првата ја доби токму Димишкова.

  • „33 години дијабетичар, сама се справувам. Не барам брза помош, едуцирана сум. Ако ми паѓа шеќерот или кока кола или бомбона. Ги барам децата, роднините, пријателите и тн… Брза помош ретко кога барам. Не е сеедно. Стануваш инвалид во еден момент. Не можеш ништо да обавуваш сам, ти треба помош. “ – Истакна Петранка Димишкова.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, вели дека услугата ќе биде наменета за постарите и изнемоштените, како и за лицата со посебни потреби. Услугата ќе значи чекор напред во грижата за најранливите граѓани.

Реклама
  • „Општина Кисела Вода и досега беше лидер во обезбедување на услуги за постарите и изнемоштените лица и лицата со посебни потреби. Ние први започнавме со услугата за бесплатен превоз, овозможувајќи им на нашите повозрасни сограѓани транспорт до лекар или до некоја институција за вршење на административни услуги. Оваа услуга продолжува и годинава, но со големо задоволство ја промовираме и новата услуга со бесплатни нараквици со итно копче.“ – Истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски.

Од „Црвен крст“ велат дека досега имале плодна соработка со Кисела Вода. Сметаат дека оваа општина треба да биде пример и за другите.

  • „Досега бевме многу успешни во спроведување на проектот „санитетски транспорт“ сега ја промовираме новата услуга на територијата на о. Кисела Вода, а тоа е „Итно копче“. Ова се сервиси организацијата на црвениот крст што веќе три години ги имплементира во нашата држава. Сега сме во фаза кога може да ги нудиме на сите заинтересирани градоначалници во Скопје засега “ – Изјави Саит Саити од Црвен крст.

За почеток, 40 жители на Кисела Вода ќе добијат вакви нараквици, но, по потреба се очекува набавка и на нови, со цел оваа услуга да стигне до секој на кој што му е потребна.

Сѐ што треба да се направи, е корисникот да го притисне копчето на уредот, по што ќе добие повик од операторот на контакт центарот на „Итно Копче“. По воспоставувањето на контакт, корисникот ќе ги сподели информациите за своите тегоби, а обученото лице ќе му даде понатамошни насоки. Доколку е потребно, ќе биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом.

Никола Цветкоски