Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Општина Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи препораките за постапување. На 19 август, во Град Скопје се одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини, на кој беа разгледани надлежностите и обврските на општините и Градот Скопје, како и дополнителните превентивни и заштитни мерки. Општина Карпош учествуваше и на состанок со Министерството за здравство, на кој беа разгледани актуелната состојба со заразените лица, присуството на вирусот кај мртви птици, потенцијалните жаришта во Скопје и потребните мерки за заштита на населението.

ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ

Како дел од превентивните активности, денеска е извршено дополнително авионско прскање против ларви на комарци, додека во недела во вечерните часови ќе се спроведе дополнително теренско прскање против возрасни комарци. Акциите за дезинсекција се спроведуваат на однапред мапирани и идентификувани критични локации, каде што постојат услови за задржување вода и размножување на комарци, со цел навремено да се намали ризикот од нивно ширење и потенцијален пренос на вирусот. Во периодот од мај досега, согласно годишните планови и законските обврски на Град Скопје, реализирани се: 3 авионски и 4 теренски прскања против ларви на комарци; 3 авионски и 3 теренски прскања против големи комарци.

Реклама

Но, институционалните мерки не се доволни без активното учество на секој граѓанин. Зголемен ризик од размножување на комарците постои на места каде што се задржува вода – околу септички јами, гробишта, отпади со стари гуми, но и во најблиското опкружување на домовите. Затоа ги повикуваме граѓаните да проверат дали во нивните дворови, тераси и заеднички површини има саксии, садови, канти, непокриени резервоари или други места во кои се задржува дождовница, како и да пријават неисправни хидранти и други потенцијални жаришта.

ПРИЈАВЕТЕ МРТВА ПТИЦА!

Особено важно е граѓаните да не допираат мртви птици со голи раце. Доколку забележите мртва птица, веднаш пријавете ја во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде што надлежните служби ќе организираат нејзино преземање и ќе спроведат понатамошни анализи.

Телефон за пријавување: 070/771-111

Општина Карпош останува целосно вклучена во координираните активности со Град Скопје и надлежните институции, со навремено преземање на мерки во рамки на своите надлежности. Грижата за здравјето и безбедноста на граѓаните е заедничка одговорност. Општината ќе продолжи да дејствува превентивно и навремено, но го повикуваме и секој граѓанин да даде свој придонес – да не остава застоена вода, да ги одржува своите површини и навремено да ги пријавува потенцијалните жаришта. Со одговорно однесување и заедничко дејствување, можеме да ги намалиме условите за размножување на комарците и да придонесеме кон поголема заштита на целата заедница.– навремено, одговорно