Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Општина Илинден ја реализираше традиционалната хуманитарна акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“

Општина Илинден и оваа година традиционално ја спроведе хуманитарната акција „Подај рака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден и оваа година традиционално ја спроведе хуманитарната акција „Подај рака – хумана Општина Илинден“, во рамки на која беа донирани храна и хигиенски производи за ранливите категории граѓани, во пресрет на големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден.

Како што соопштија од општината, акцијата беше реализирана во духот на солидарност и човечност, во соработка со Црвениот крст и локалната бизнис заедница. Благодарение на нивната поддршка, обезбедени и дистрибуирани беа околу 250 пакети со основни прехранбени и хигиенски производи, со цел да се придонесе кон достоинствено одбележување на празникот за сите граѓани.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, упати благодарност до општествено одговорните компании кои активно се вклучија во акцијата, посочувајќи дека токму во празничните денови доаѓа до израз значењето на меѓусебната поддршка и солидарност. Тој нагласи дека секое семејство заслужува да ги помине празниците во мир, хармонија и благосостојба.

Реклама

Од Општина Илинден упатија благодарност до компаниите МАН, Компанија Петковски, Компанија Атанасовски, КАМ, Дени Интернационал, Интер Оил, Гранд Слот, Пекабеско, Марк Маркет и ТАВ, кои со своите донации ја покажаа својата општествена одговорност.

Општина Илинден најави дека и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности, преку заеднички напори и партнерства со бизнис секторот и граѓанските организации, со цел градење општество засновано на грижа, емпатија и меѓусебна поддршка.