Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Општина Делчево потпиша Меморандум за соработка со ДПСС „Осогово“

Општина Делчево денеска потпиша Меморандум за соработка со Доброволната планинска спасителска служба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево денеска потпиша Меморандум за соработка со Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ од Кочани. Целта, како што истакна градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски, е зајакнување на безбедноста и заштитата на граѓаните и посетителите, особено во планинските подрачја.

-Зголемениот развој на туризмот, а особено планинскиот туризам, како и сè поголемиот број љубители на природата, наметнува потреба од поголема подготвеност и одговорност во обезбедувањето навремена и ефикасна помош при несреќи и вонредни состојби. Со Меморандумот се предвидува заедничко и координирано имплементирање на активности насочени кон подобрување на безбедноста на планина, истакна Гоцевски.

Очекува со ова да се влијае на побрза и поефикасна координација при интервенции, размена на знаења и искуства, како и спроведување превентивни и едукативни активности и обуки.

Реклама

-Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ во тој поглед е значаен партнер, чија стручност и хуманост претставуваат важен сегмент во системот за заштита и спасување, подвлече Гоцевски.

Од Општина Делчево нагласуваат дека остануваат посветени на градење партнерства кои директно придонесуваат за поголема сигурност и безбедност на заедницата и на сите посетители на општината.