Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Бизнис

Општина Дебар и ЈКП ” Стандард” ќе црпат искуство од Регионалниот центар за управување со отпад RCERO Љубљана

Локалната власт на Дебар и раководството на општинското комунално  претпријатие  „Стандард” со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната власт на Дебар и раководството на општинското комунално  претпријатие  „Стандард” со цел чист град и околина, преземаат активности за да обезбедат управувањето со отпадот и одржувањето на животната средина да биде според стандардите што се практикуваат во Европа.

Во тие рамки за време на посетата на Љубљана, Словенија, градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, заедно со директорот на „Стандард“,  Нертиљ Османи, реализирале работна посета на Регионалниот центар за управување со отпад RCERO Љубљана, еден од најнапредните центри во Европа за третман и управување со комунален отпад. 
 
-За време на посетата, имавме можност одблиску да се запознаеме со функционирањето на интегрираниот систем за управување со отпад што се применува во градот Љубљана и во поширокиот регион, рече директорот Османи. 
 
Претставниците на Центарот ни ги презентираа главните процеси на третман на отпадот, вклучувајќи селекција и механичка обработка на отпадот, биолошки третман, поврат на рециклирани материјали и намалување на количината на отпад што завршува на депонија. 
 
-Во рамки на посетата остваривме средба и со раководителот на секторот за заштита на животната средина на градот Љубљана, каде се разговараше за политиките и практиките што градот Љубљана ги применува во областа на заштитата на животната средина, одржливиот развој и современото управување со комуналните услуги, додаде тој. 

Посочи дека Центарот RCERO Љубљана претставува успешен модел за современо управување со отпад, кој се базира на принципите на циркуларната економија, ефикасното користење на ресурсите и заштитата на животната средина. 
 
Оценува дека посетата претставуваше значајна можност за размена на искуства и запознавање со најдобрите европски практики, кои можат да придонесат за подобрување и модернизација на системот за управување со отпад во Општина Дебар.  
 
Претходно, за време на престојот во Љубљана, градоначалникот  Меља, оствари средба градоначалникот  Зоран Јанкович, со кого договориле соработка меѓу другото и  за урбан развој и заштита на животната средина.