Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Општина Чешиново-Облешево учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“

Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“, што се одржа во Пловдив и Белозем, едно од најпознатите „села на штркот“ во Европа.

На фестивалот во Бугарија беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој на еко-туризмот.

Особено внимание било посветено на позитивните резултати од Кочанско Поле, кое и понатаму останува едно од најзначајните живеалишта на белиот штрк во регионот.

Реклама

Според најновите податоци, бројот на гнезда на белиот штрк во регионот бележи значителен раст. Во Чешиново бројот на гнезда е зголемен од 17 на 33, додека во Облешево од 26 на 34 гнезда.

На ниво на Кочанско Поле се регистрирани вкупно 223 гнезда.

Овие резултати, како што било истакнато на средбата, се потврда за богатството на природата, традиционалното земјоделство и грижата на локалното население кон животната средина и заштитата на штрковите.

Градоначалникот Јорданче Костадинов во изјава за МИА истакна дека учеството на фестивалот е значајно за промоција на општината и зајакнување на меѓународната соработка во областа на заштитата на природата.

-Чешиново-Облешево останува препознатливо место за белиот штрк и пример како со заедничка грижа на институциите и граѓаните може успешно да се зачува природното богатство. Нашата општина и понатаму активно ќе работи на заштита на штркот и развој на еко-туризмот- истакна Костадинов.