Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Општина Берово работи на подобрување на комуналната инфраструктура, во Будинарци се обновува уличното осветлување

Во рамки на Програмата за улично осветлување на Општина Берово, во тек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Програмата за улично осветлување на Општина Берово, во тек е обнова на уличното осветлување во село Будинарци, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на живот на жителите во ова населено место.

Како што информира градоначалникот Петар Ружински, со реализацијата на оваа активност ќе се создадат подобри услови за безбедно и квалитетно движење на граѓаните, особено во вечерните часови, при што значително ќе се зголеми сообраќајната и јавната безбедност.

Новото улично осветлување ќе придонесе и за подобра видливост, унапредување на јавниот простор, како и за зголемување на енергетската ефикасност, што е дел од заложбите на општината за одржлив развој.

Реклама

Од Општина Берово истакнуваат дека континуирано се работи на подобрување на комуналната инфраструктура во сите населени места, со цел создавање подобри услови за живот и обезбедување рамномерен локален развој.

Се наведува дека активностите опфаќаат поставување на современи светилки со LED технологија, кои обезбедуваат подолг век на траење, пониска потрошувачка на електрична енергија и намалени трошоци за одржување.

Жителите на село Будинарци позитивно ја оценуваат реализацијата на проектот, истакнувајќи дека подобреното осветлување ќе придонесе за поголемо чувство на сигурност, особено за пешаците и учесниците во сообраќајот, како и за поубав изглед на селото во вечерните часови.

Од локалната самоуправа најавуваат дека вакви активности ќе продолжат и во останатите населени места на територијата на општината, во согласност со програмските определби и приоритети, со фокус на унапредување на инфраструктурата и подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Проектот е дел од пошироките напори на Општина Берово за модернизација на јавната инфраструктура и примена на енергетски ефикасни решенија, кои придонесуваат и за заштита на животната средина.