Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Опозицијата обвинува за судир на интереси при именувањето на новите амбасадори

Над 90 отсто од предложените кандидати за амбасадори се кариерни дипломати, тврди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 90 отсто од предложените кандидати за амбасадори се кариерни дипломати, тврди претседателот Стево Пендаровски. Тој вели дека листата која вчера го мина владиниот филтер била составена со заеднички консултации. Имињата ги знаел, но одби да ги коментира. Смета дека целата постапка за назначување на новите амбасадори во странските ДКП-а треба да заврши пред распуштање на Парламентот.

„Се ближат избори, на 3 јануари доаѓа техничката влада, а многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието и мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. По тој датум не можете ниту да вработите, ниту да унапредите кој било службеник во државната администрација, а не пак да праќате амбасадори“, рече шефот на државата.

Пратеникот Антонијо Милошоски преку социјалните мрежи алармира за судир на интереси. Според него, назначувањето на професорот од Правниот факултет, Мишо Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив е контра услуга од министерот, оти професорот пред две години одобрил стипендија за ќерката на Димитров. Милошоски и апелира до Антикорупциската комисија да го испита случајот.

Реклама

„Невообичаено за администрација, комисијата се состанала веднаш на 4-ти август 2017 година, истиот ден кога е формирана и по итна постапка го разгледала и одлучила по барањето на ќерката на Димитров да и биде доделена државна стипендија во висина од 40.000€ за секоја година од студиите во Холандија. Со ваквата одлука, Комисијата овозможила член на семејството на министерот Димитров да оствари приватен интерес и материјална корист“, пиша Милошоски на Фејсбук.

Вчера и од Македонскиот дипломатски синдикат ги обвинија надлежните оти брзаат да ги пополнат македонските амбасади по стариот закон, оти според новите законски измени кои се подготвуваат дел од предложените дипломати не би ги исполниле строгите критериуми да заминат на служба во странство.

Владата зад затворени врати ги потврди имињата на 19 дипломати – за сега извесно е само името на екс советникот на премиерот за надворешна политика, Дане Талески, кој ќе замине на служба во НАТО.

Наофицијално, Сашко Тодоровски ќе биде амбасадор во Советот на Европа во Стразбур, Данчо Марковски во Тирана, Шпреса Јусуфи во Приштина, Васко Грков во Белград и Мишо Докмановиќ во Тел Авив. Функционерите на ДУИ Милаим Фетаи во Загреб, Шабан Јашари во Катар, Фатон Бејта во Копенхаген, а Рами Реџери, во Рим. За позицијата во ОН во Женева ќе се бира помеѓу Андреј Жерновски и Теута Демјаха.

Биљана Божиновска