Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Онкологија, модуларни болници- Ќе излезе ли вистината на виделина?

Истрагите за скандалот со Онкологија и пожарот во тетовската модуларна болница се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагите за скандалот со Онкологија и пожарот во тетовската модуларна болница се влечат со месеци, па и со години.

Скандалот со онкологија можеби и ќе доживее обвинение до крајот на месецот, но за набавката на опоќарената модуларна болница во Тетово и останатите 18, Обвинителството за организиран се уште не се произнесе дали навистина крив е само кабелот и дали  ќе има одгвоорност кај велешката фирма „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ коишти ги добија тендерите.  

За Онкологија истрагата финишира. До крајот на месецов се очекува Обвинителството да поднесе обвинение за скандалот на Онкологија. Се чека на вештачењата од странство, а обвинителите во целост ги завршија последните испрашувања на одредени вработени и пациенти.

Реклама

До крај на јануари се очекува да пристигне и второто медицинско вештачење од Словенија, каде беа испратени поголем дел од медицинските истории. Првиот дел од Србија стигна, а завршени се и деталното економско вештачење за работата на клиниката и последните распити на лица. Така што по приемот на ова вештачење за кое е доставен одреден прелиминарен наод, ќе следува јавнообвинителска одлука, инфомираат од Обвинителство.

За набавката на модуларните болници што беа монтирани за време на Ковид пандемијата, Обвинителството за органзиран цели три години води предистрага. Засега, крив е кабелот за пожарот во кој загинаа 14 луѓе. Се уште не се знае дали тендерот бил законски и дали модуалрните болници ги исполнувале сите критериуми за нивно поставување.

Документацијата што по наредба на јавниот обвинител беше дополнително побарана, а за што предметниот обвинител информираше на неодамнешниот брифинг е пристигната и веднаш со наредба за спроведување на сеопфатна анализа е дадена на истражител од Истражниот центар во ОЈО ГОКК. Се очекува истата да биде анализирана во наредниот период, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителство за организиран криминал.

За време на пандемијата беа поставени 19 модуларни болници. Откако се случи трагедијата во Тетово, Обвинителството за организиран криминал отвори истрага по допрен глас и од Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика ја зема севкупната документација поврзана со изградбата на сите болници. Тендерот за изградба на модуларните болници го добија велешката фирма „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ по скратена постапка, без претходно објавен оглас. Тие ја добија ваквата „привилегија“ со цел побрзо да се изградат и таму да се сместат пациенти заразени од Ковид 19, со оглед на тоа што сите здравствени капацитети во земјава беа преполни.