Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Онкологија ќе се децентрализира, ќе функционира како Институтот за трансфузиологија

Подобрување на скрининг програмата за болните од рак, нови протоколи и подобри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување на скрининг програмата за болните од рак, нови протоколи и подобри улови на онкологија и за пациентите и за вработените, современа терапија за малигно болните на позитивната листа на лекови – ова се дел од барањата на пациентите кои со години се борат со најтешката болест.Сериозни проблеми има и околку новодијагностицираните, тие едвај можат да дојдат до термин за ехо на дојка и мамографија.Како главна кочница им е и долгото чекање за скен на коски.

“На скен на коски…до овој момент чекаат 100 пациенти кои се од Онкологија и со приоритетен упат препратени на тоа испитување поради продолжување на терапијата.Доколку испитувањето не се направи тие се без терапија а тоа како што знаеме понатаму го комплицира нивното здравје.Проблемот бил затоа што немале изотопи велат од институцијата”  – вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.

Министерот Таравари со децентрализација на онколошки амбуланти ќе го намалува притисокот на Клиниката.И уверува дека полека но сигурно ќе се решаваат проблемите на пациентите.

Реклама

“Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата „8 Септември“. Одреден кадар веќе се обучува тука на Онкологија и целта ни е да направиме мрежа  што ќе биде контролирана од Клиниката за онкологија. Значи „8 Септември“, веќе се надевам за месец ипол ќе почне и таму да се дават терапии, тоа ќе го промовираме. Во Тетово веќе се дава, во Битола се дава, во Штип се дава онколошка терапија” – појасни Таравари.

Директорот на Клиниката, вели дека Онкологија има приоритет за нови вработувања. Во тек се процедурите да се примат медицински сестри,лекари, техничари и радиолози.

И додека пациентите си ги кажаа маките за нивното лекување, ДЗР нотираше катастрофално работење на Клиниката за онкологија во 2023 година. Клучен проблем е немањето кадар на Клиниката велат ревизорите. Биолошка терапија нема за сите пациенти, туку само за 24 отсто од нив. Вкупно 35 доктори и 96 медицински персонал се грижат за речиси сите заболени од рак во државата. Во извештајот се вели дека и понатаму има недостиг од терапијата и протокол за нејзино давање.

Ања Лукарова