Реклама
Економија

„Оне Македонија“ доби лиценца за трет мобилен оператор – очекувања за пониски цени и подобри услуги

По помалку од една деценија падна дуополот во Македонија. Со влезот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По помалку од една деценија падна дуополот во Македонија. Со влезот на нов телекомуникациски оператор, македонскиот мобилен пазар конечно добива вистинска конкуренција, кој треба да донесе пониски цени и поголем избор за македонските граѓани и корисници.

„ОНЕ Македонија“, денеска ја доби лиценцата за 5г – радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во Македонија. На 14 јануари беа уплатени 8.020.003 евра, со што беа исполнети сите услови компанијата да ги добие трите одбренија.   

„За да бидеме целосно независни тоа бара време и затоа ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за таканаречен национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје,  а потоа и на територија на цела Македонија“, изјави Пал Заранди – претседател на одборот на директори на „Оне Македонија“.

Реклама

Од АЕК не ја исклучуваат можноста во иднина да се воведе и четврт оператор, а во однос на префиксите, ќе се разгледуваат соодветни решенија. Потребно е само да се поднесе барање до операторот, по што, врз основа на анализите и слободните серии што ги имаат на располагање, ќе им биде доделен број.

Не е невозможно, тешко, но има можности за 4 оператор, ако има интерес. Како што успевме да имаме трет, ние како регулатори, пошто ни е законска обврска да ја зголемиме конкуренцијата,  има можност за четврт“, изјави Јетон Акику директор на АЕК.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година, официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата.

Планот на ОНЕ Македонија е да оперира преку сопствена мрежа. Станува збор за процес кој предвидува изградба на самостојна 5Г мобилна мрежа, која ќе биде прва од ваков тип во регионот на Западен  Балкан. Новиот оператор до крајот на март 2027 година треба да покрие еден град со 5Г, а до крајот на 2028 година главните коридори. До 2030 година треба да бидат покриени сите градови во Македонија, а до крајот на 2032 година се очекува секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г (пет џи) со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps. (мегабити во секунда).

Според најавите новиот оператор треба да инвестира околу 100 милиони евра во изградба на сопствена мрежа, компанијата веќе има склучен договор со „Ериксон“, а во меѓувреме може да склучи договори со постоечките и да ја користи нивната инфраструктура.