Реклама
Македонија

Омекнува ставот на ЕУ? Марта Кос порача билатералните спорови да не стојат на евроинтегративниот пат!

Билатералните спорови од минатото да не стојат на евроинтегративниот пат – еврокомесарката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатералните спорови од минатото да не стојат на евроинтегративниот пат – еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе се заложи условувањата да не бидат пречка за доближување на Западниот Балкан до европското семејство.На обраќањето на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан“, Кос нагласи дека на средбите со лидерите од регионот минатите два дена, на кои присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски,  порачала дека може да сметаат на поддршката за приближување кон ЕУ, но проширувањето ќе зависи од заслуги и остварување, пред се во однос на владеењето на правото.

  • Мојот сон е да ги имаме сите земји од Западниот Балкан во Европската Унија и да ги видиме отстранети границите и билатералните тензии, како што беше случај во многу делови од континентот“, изјави Кос.

Проширувањето не е технички процес вели Кос, туку реформите во пристапните преговори се потреби и интереси на граѓаните  и повторно обединување на стариот континент.

  • „Но, ако кандидатите за членство испорачаат, тогаш сакам да бидат наградени за тоа. Новата Европска комисија е Комисија на проширување. Во Брисел постои единство кога станува збор за изградбата на поголема и посилна Европа, но потребно е такво единство и посетеност да покажат и земјите кандидати за членство, за што е потребно соработка меѓу властите, опозицијата, граѓанскиот сектор и сите сегменти на општествата„ изјави Кос.

На Самитот, Македонија беше потенцирана од црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, според кој сме направиле многу на својот пат кон ЕУ, а за возврат не сме добиле ништо,

Реклама

Вицепремиерите Александар Николоски и Арбен Фетаи се дел од македонската делегација која присуствува на Самитот ЕУ- Западен Балкан во организација на Бриселскиот тинк тенк пријатели на Европа, кој годинава е насловен „Обновен пристап кон регионот“.

Целта на Самитот е да се изгради кохезивна и сеопфатна стратегија за интегрирање на регионот на западниот балкан во еу, притоа приспособувајќи ги неговите амбиции и политики на новата реалност на проширена и посложена европа.

Во најавата на форумот организаторите посочуваат дека поради геополитичката итност создадена од руската инвазија врз Украина, до 2030 година Европската Унија би можела да прими неколку нови земји членки од Западниот Балкан и од Источна Европа.