Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

„Окта“ повторно воведува попуст – два денари за бензините до средината на јуни

Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава.

Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.

Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од „Окта“ како во големопродажба така и во малопродажба.

Реклама

Од компанијата посочуваат дека со оваа мерка им се остава можност на трговците да ја рефлектираат поддршката во крајните цени за потрошувачите, но нагласуваат дека тие и понатаму самостојно ги креираат малопродажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарните услови.

Според процените, вкупниот придонес на „Окта“ за поддршка на пазарот преку вакви мерки ќе надмине 7 милиони евра.