Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри

Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите.

Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини.

Реклама

Се работи на подобрување на  комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие.

Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.

Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош.

Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа.