Реклама
Прилози

Околу 15 отсто од жените користат хартија или крпи за време на меснтруалниот циклус, секоја трета не може да си купи влошки

Секоја трета жена во Македонија не може да си дозволи да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја трета жена во Македонија не може да си дозволи да ги купи потребните менструални производи. Дури 15% при месечниот циклус користат текстил, хартија или весници наместо влошки, а 77% од девојките, месечно трошат до 400 денари на менструални производи.

60 % од жените гледаат на менструацијата како на тема за која не сакаат да зборуваат- ова се резултати од истражувањето на компанијата dm дрогерие маркт, во рамки на кампањата „Никогаш повеќе сама“. „Менструалната сиромаштија“ во Македонија е загрижувачка.

Компанијата овој месец почна со донации и поставување на над 200 диспанзери со хигиенски влошки во женските тоалети на сите државни универзитети во Македонија.

Реклама

„Со цел да ја зголемиме свеста за оваа тема и да придонесеме за намалување на менструалната сиромашнија во нашата земја, „dm дрогерие маркт“ како компанија во почетокот на 2024 година направи прв чекор. Ги намаливме долгорочно цените на сите влошки и тампони од сопствената марка „Јessa“. Во склоп на нашиот иновен концепт „Секогаш поволно“. Преку овој чекор застанавме рамо до рамо до секоја жена и го почнавме првиот чекор кон борба за менструална правда“, рече Кристина Дуранска менаџер во маркетинг и комуникации во „dm дрогерие маркт“

Вредноста на проектот до крајот на годинава изнесува 1,5 милиони денари.

Дека менструалната сиромаштија во Македонија е проблем со кој се соочуваат голем број од девојките и жените во Македонија потврдуваат и ректорите од неколку Универзитети во Македонијa, кои се дел од кампањата во оваа фаза.

„Намалувањето на менструалната сиромаштија е една од стратешките цели на Обединетите нации. Впрочем тоа е една од основните нели оние милениумски цели кои се зацртани во агендата 2030. Оттука и Универзитетот „Гоце Делчев“ како институција, како Универзитет кој што има стратешка определба нели да ги постигне овие цели, се вклучи во овој проект“, рече Ана Никодиновска од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Спроведените анкети покажале дека дури 90% од жените во Македонија се согласуваат дека треба да има бесплатни производи за менструална хигиена, во јавните тоалети, а дури три четвртини се жалат на превисоките цени на менструалните производи.

Семејствата што се со 3 или 4 жени, трошат и до 30% од семејниот буџет за производи за менструална хигиена, лекови против болка и слично.

Љубиша Владимиров