Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

ОЈО ГОКК: Нема основ за кривично гонење за јавните набавки на модуларните болници

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во набавката на модуларните болници, откако не се утврдени основани сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти обвинителката Верица Бержецка Крстева.

Таа информира дека во рамки на предметот била извршена детална анализа на целокупната документација за трите јавни набавки за дополнителни капацитети и постапката за набавка на 19 модуларни болници, при што биле разгледани законската рамка, тендерската документација, исказите на сведоци и писмените докази.

Според Бержецка Крстева, истрагата била насочена кон утврдување дали при спроведувањето на набавките било извршено пречекорување на службените овластувања или била предизвикана штета врз државниот буџет, но такви елементи не биле констатирани.

Реклама

Таа појасни дека првите три набавки биле финансирани со пренаменети средства од швајцарски програми и биле реализирани по постапка со преговарање без објавување оглас поради состојбата на крајна итност предизвикана од пандемијата. Во сите случаи имало повеќе понудувачи, спроведени биле преговори, а приемот на објектите и опремата бил соодветно документиран.

Во анализата била опфатена и набавката на модуларни болници, финансирана преку заем од Светска банка. Повиците биле објавени како меѓународни, согласно правилата на финансиската институција, а понуди доставиле повеќе компании од странство. Според обвинителството, документацијата покажала дека договорите биле склучени по спроведена тендерска постапка и дека за секој објект поединечно постоела документација за примопредавање.

Бержецка Крстева посочи и дека во времето кога се реализирале набавките, модуларните градби не биле посебно регулирани во Законот за градење.

-Модуларните објекти тогаш не беа предвидени ниту како градби за кои е потребно одобрение за градење, ниту како градби за кои не е потребно. Поради тоа, набавката беше третирана како набавка на стока, а приемот се вршел врз основа на техничката документација и записниците изготвени во присуство на надлежните институции – појасни таа.

Во текот на постапката биле разгледани и наодите од контролите спроведени од Светска банка по пожарот во модуларната болница во Тетово. Според обвинителката, констатациите на меѓународната институција биле дека набавките генерално биле спроведени согласно правилата и методологијата за меѓународни тендерски постапки, при што за дел од објектите биле дадени препораки за дополнителни подобрувања.

-Обвинителството ја анализираше и документацијата за активностите на Светска банка по пожарот во модуларната болница во Тетово. Во октомври 2021 година биле посетени објектите во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип, при што била проверувана усогласеноста со проектните стандарди, безбедноста и противпожарната заштита. Според документацијата, тимот на Светска банка потврдил дека постапката за набавка била во согласност со важечките правила на банката и дека испорачаната стока одговарала на техничките спецификации – соопшти ОЈО ГОКК.

Одговарајќи на новинарско прашање дали во предметот била испитувана евентуалната одговорност на тогашни функционери и сопственици на компании, Бержецка Крстева рече дека обвинителството постапувало исклучиво во рамките на предметот што се однесувал на законитоста на јавните набавки и можната злоупотреба на службената положба.

Предметот за модуларните болници бил оформен по допрен глас на 10 септември 2021 година. На предметот првично постапувала обвинителката Вилма Русковска, која прибавила обемна документација, а потоа го презела обвинителката Елизабета Јосифовска. По изборот на нов јавен обвинител и кадровските промени во обвинителството, предметот го презела обвинителката Верица Бержецка Крстева, која извршила дополнителна анализа на прибраните докази, вклучително и исказите на сведоците и целокупната документација.