Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Охриѓани се задушуваат во загаден воздух

Езерскиот град го задушува загаден воздух. На специјализирана интернет страница за мерење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Езерскиот град го задушува загаден воздух. На специјализирана интернет страница за мерење на загадениот воздух Airvisual како и на апликацијата ,,Мој воздух” изминативе неколку денови, податоците за квалитетот на воздухот во Охрид,покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања.

Континуирано, во вечерните часови,сумираните измерени вредности од сензорите на шестте мерни станици покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ 10 честички. Само синоќа, од 19 часот па се до раните утрински часови концентрацијата на ПМ честичките изнесувала 252 микрограми на метар кубен,а пред два дена концентрацијата се зголеми дури на 488 микрограми, што го вброи Охрид помеѓу најзагадените градови во земјава.

Нивото на канцерогените ПМ10 честички е високо и во текот на денот, во строгиот центар на градот ,мерната станица на Кејот Македонија на пладне покажува дека воздухот има наднормално загадување,што значи дека децата,старите лица и бремените жени треба да ги избегнуваат прошетките по езерскиот кеј.

Реклама

Со оглед на она што се случува во минатите години, мислам дека дури не е ни за изненадување бидејќи Охрид е интензивно урбанизиран.Изградени се голем број објекти кои што се згуснати на еден тесен простор.Можеби загадувањето би било уште поголемо да не е езерото кое со своите локални ветрови придонесува тие загадувачки материи малку да ги разреди во воздухот, зјави Ѓоко Зороски-инг.по животна средина.

И на почетокот од годинава, во првите 3 месеци податоците за квалитетот на воздухот во Охрид,покажуваат енормно загадување. Причина за вака шокантни и загрижувачки податоци е и затоплувањето на домовите но и угоститеслките објекти кои користат што ќе стигнат,велат експертите.

„Јагленот е исто така голем проблем,бидејќи кај нас претежно се користи нискокалоричен јаглен кој што малку согорува а има голема количина на сулфур во него.И овие податоци што се’ се однесуваат претежно на цврсти честички на ПМ10 и на ПМ 25 меѓутоа недостасуваат и податоци кои се однесуваат и на другите загадувачки материи како што се азотни оксиди, сулфурни оксиди кои исто така влијаат врз здравјето на населението, додадее тој.

Експертите велат дека ова е сигнал оти треба под итно акридитираната лабораторија про ресорното министерство да ги анализира соодветните параметри и јавно да презентира информациите на степенот на загаденост во Охрид.

Новинар Росица Голабоска