Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Охриѓани се гушат во загаден воздух, општината бара решение

Езерскиот град го задушува загаден воздух. Податоците за квалитетот на воздухот кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Езерскиот град го задушува загаден воздух. Податоците за квалитетот на воздухот кои ги објавува министерството за животна средина, покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања. Континуирано, во вечерните и раните утрински часови, измерените вредности покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ 10 честички чија концентрација е над 200 микрограми на метар кубен,а концентрацијата на уште поопасните ПМ2,5 честички достигнува до 150 микрограми на метар кубен. Според охриѓани една од причините за ваквата загаденост e затоплувањето на домовите но и угостителските објекти кои користат што ќе стигнат.

“ И од шпоретите и од колите и од градбите што се прават;-  Зградите, јас имам  куќа пред мене е направено уби Боже, зградите се најлошо нешто.Со дрвата повеќе шпарат и дрвата не се ефтини,но ќе стави едно дрво ќе се треси, ќе се завитка во ќебе и ќе седи, јадење ќе направи;- Урбаниве средини 80% на дрва се греат сите.Мора, нема пари скапо е, скапа е струјата, се е скапо и сиромашен е народот”

Анализите кои годинава ги правеше општинското одделение за заштита на животна средина се шокантни и загрижувачки-во Охрид годишно во просек се губат 133 животи заради изложеност на загаден воздух.Стапките на смртни случаи и хоспитализации заради респираторни болести во периодот 2019-2021 година,се повисоки од националниот просек.Сообраќајот и ложиштата со цврсто и течно гориво предизвикуваат најголемо загадување посебно во зима.

Реклама

 “Ако веќе сме го детектирале огревното дрво затоа што таа е реалноста,ние имаме дури дупло или три пати повеќе оптеретеност на сообраќај и присуство на жители,па немаме проблем со загаденоста што значи дефинитивно е детектиран од страна на експертите начинот на кој се греат домаќинствата и веројанто со една државна стратегија доколку тоа е стратегија на државата за тоа сепак треба да поразговараме со претставниците на државата, гасификацијата би била едно од решенијата”-вели  Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Бидејќи Охрид во моментов нема услови за гасификација,општината изготви план за подобрување на квалитетот на воздухот.Покрај субвенционирањето на граѓаните за купување и поставување на клима уреди и сончеви колектори, се предлагаат и низа други алтернативни начини на загревање на домовите.

Росица Голабоска