Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

„Охридско лето“ со уште една концертна вечер надвор од фестивалската сезона

Полскиот виолинист Мариуш Патира и пијанистот Радослав Курек синоќа приредија музичка вечер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полскиот виолинист Мариуш Патира и пијанистот Радослав Курек синоќа приредија музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

На концертот беше изведен внимателно одбран репертоар со дела од различни стилски периоди, преку кои двајцата уметници ги претставија својата виртуозност и музичка интерпретација.

Со извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија присутната публика, која нивниот настап го награди со долги аплаузи. Посебен впечаток остави музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во складна целина.

Реклама

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, станувајќи првиот полски виолинист кому му припаднало ова признание. Во текот на кариерата настапувал на концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, со концертна кариера што опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува концертната дејност надвор од редовните фестивалски денови, традиција што ја започна минатата година.

Концертот беше реализиран со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот беше бесплатен. На тој начин, како што наведуваат организаторите, се изразува благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и се придонесува кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

Следниот концерт од програмата е закажан за 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, каде што ќе настапат корејско-американската сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.