Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Охридските семејства кои што живеат под Самоиловите кули,треба да ги отстранат соларните панели

Охридските семејства кои што живеат под Самоиловите кули,треба да ги отстранат соларните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридските семејства кои што живеат под Самоиловите кули,треба да ги отстранат соларните панели, сончевите колектори, клима уредите, па дури и сателитските антени доколку не сакаат да платат казни. Според евиденцијата на охридскиот Завод и музеј,на куќите во стариот дел на Охрид се поставени над 200 вакви уреди кои се најдоа дури и во извештајот на Унеско. Првиот човек на установата укажува дека рокот за нивно отстранување се ситни,а забешеките на Унеско во однос на заштитата на старото гратско јадро се ригорозни.

 “Мислам дека следната мисија на Унеско повторно ќе го постави тоа прашање и во најскоро време треба да се најде некое соодветно решение.Нашите ингеренции завршија со нивната евиденција,направивме евиденција, приоритети и сега понатака другите институции треба да мислат како тие ќе се отстранат”-вели Горан Патчев-директор на Завод и музеј Охрид

Доколку овие уреди ги нема во проектите,значи дека станува збор за нелегално поставена опрема и треба или целосно да ја отстранат или да ја сокријат, да не се гледа. И граѓанските активисти реагираат, во стариот дел од градот велат не се проблем само стотиците спорни уреди, туку и бесправно изградените настрешница и поткровја.Ова се проблеми кои се провлекуваат со години.

Реклама

“Надворешниот дел на фасадата не наликува на старата охридска архитектура туку и разни панели се поставуваат, разладни апарати веќе покривот не е соодветен како што требал да биде.Исто и канделабрите  ретко каде во стариот дел на градот ќе сретнете нешто што асоцира на старо, исто така поплочувањето на старите гратски улици не оди како што треба”-вели Ванчо Стојаноски,граѓански активист.

Од Заводот и музеј уште пред две години извршиле инспекциски надзор,по што Управата за заштита на културно наследство изготвила решенија изрекувајќи им и казни но попусто.Не помогна нити прирачник  кој го добиле од надлежните институции со упатства како да се однесуваат кон културното наследство.Жителите од стариот дел на градот не сакаат ни да чујат. Нека ни ги плати Унеско сметките за струја, па ќе ги тргнеме клима уредите,да не треба да ги вратиме и собните антени на телевизорите?-реагираат охриѓани на социјалните мрежи,место покуќнина, ќе ги ставиме сончевите колектори сред соба и ќе бидеме светско чудо.

Росица Голабовска