Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Охрид преполн за Илинден: не се наоѓа слободен кревет и покрај критиките за екстремно високите цени на услугите

Илинден го наполни туристичкиот центар. Слободни соби во хотелите нема, а се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден го наполни туристичкиот центар. Слободни соби во хотелите нема, а се офајдија и приватните станоиздавачи. Преполн со гости, во неподносливо топлите ноќи, градот е буден 24 часа.

– „Ние три веќе десет дена сме во Охрид и уште сега го планираме нашето следно доаѓање, многу ни е убаво. Езерото и целиот амбиент едноставно плени;
– Три дена сме овде, ние сме Украинци, ова е моја втора посета на Охрид. Првиот пат бев кратко на поминување кон Албанија, затоа решив да дојдам пак. Ова е волшебен древен мал град. Езерото со својата големина и плаветнило оддава впечаток како да сте на море;
– Супер, преубаво е. Вчера дојдовме и тука сме до недела, обврските не ни дозволуваат да останеме повеќе, но ќе најдеме време за некој од концертите;
– Сè е убаво, немам никакви забелешки. Штом најдам слободно време ќе дојдам пак“ – велат туристите.

Во претпладневните часови во центарот на градот се дише, туристите уживаат во ретките часови кога градот тихува, за разлика од вечерните, кога на шеталиштето нема место да се разминеш.

Реклама

„Задоволни се од Охрид турските гости, за нив е многу убав, мирен град и во иднина, како што велат, може да се преселат овде. Помирен, посигурен живот имаат овде отколку во Турција“ – вели Гани Ајредини, туристички водич.

Инаку, од вчера во Охрид тешко се наоѓа слободен кревет, преовладуваат млади луѓе кои дошле заради бројните концерти кои ги има секојдневно. Грми од градскиот стадион, од ноќните клубови и угостителските објекти.

– „Три лета доаѓаме тука по ред и многу ни е интересно, имаме многу другари тука, многу журки има;
– Колку пари потрошивте за овој период, колку дена сте овде? Преку 30.000 за 4–5 дена.
– На што се трошат 30.000 денари за 5 дена? На алкохол, на алкохол и на јадење, нормално“ – велат туристите.

И не аздисуваат само угостителите, таксистите одбиваат да возат низ град, не се фаќаат за волан ако немаат есап од најмалку 2.000 денари. Една од алтернативите да се стигне до посакуваната дестинација се пловилата. Секој со ксметот, велат бродарите.

– „Добро е, не е лошо. Од цел свет има гости, најчесто ги носиме за Свети Наум, таа е најпосетувана дестинација и многу убава;
– Одиме Канео, Горица, Свети Наум, целодневно. Мислам дека е добро, но не баш како што очекувавме“ – велат бродарите.

И додека охриѓани се жалат дека се под седативи, негодувајќи дека поради прегласната музика со денови не ставиле глава на перница, вљубениците во Охрид уживаат во македонскиот туристички бисер, оти ги гледаат само неговите убавини.