Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Охриѓанец осомничен за семејно насилство врз малолетен син и сопруга – предложен притвор

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец поради сомнение дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела: телесна повреда, загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука.

Според Обвинителството, на 24 март во семејниот дом во Охрид, осомничениот физички го нападнал својот 10-годишен син, нанесувајќи му повреди. Детето било удирано со тупаници, шамари и клоци по телото, а во еден момент осомничениот го фатил за коса и го подигнал од подот.

Дополнително, тој подолг временски период упатувал сериозни закани по живот кон својата сопруга, со што ја загрозил нејзината сигурност.

Реклама

Од Обвинителството посочуваат дека насилството се случувало и покрај претходно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането да ја малтретира сопругата и децата. Осомничениот не ги почитувал изречените судски забрани.

Поради ризик од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител предложил определување мерка притвор. Судот треба да донесе одлука по предлогот.