Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Прилози

Огромни предизвици пред Димитриеска Кочоска која застанува на чело на министерството за финасии

Економија на колена, огромна буџетска дупка , јавен долг над 8 милијарди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економија на колена, огромна буџетска дупка , јавен долг над 8 милијарди – што наследува новата министерка за финансии ? Она што во моментов се случува со државната каса, е далеку поразлично од состојбата која ја наследи ВМРО – ДПМНЕ во 2006-та година . Гордана Димитриеска Кочоска во улога на чувар на државната каса пред себе има огромен предизвик –  вели дека првите сто дена ќе се посветат на анализи каде се трошеле парите, какви се состојбите и како дошло до ваква ситуација. До крај на јули е планиран ребаланс на Буџет, затоа што парите во касата моментално се лошо испланирани.

  • Во тој период имавме јавен долг од една милијарда и 800 милиони евра, за споредба ако ги видите податоците во првиот квартал од 2024 година ќе видите дека имаме долг од 8 милијарди и 770 милиони евра, што е вознемирувачко. Состојбата е многу лоша, гледаме од аспект на она што е за нас како економисти многу значајно, тоа е стапката на раст на БДП . Во тој период ако до 2006-та сепак сме имале позитивни и повисоки стапки на раст , назадуваме или воопшто немаме раст, вели за Алфа Гордана Димитриеска Кочоска

Во првата година од мандатот ќе треба да се направи фискалната стратегија и стратегијата за управување со јавниот долг и ќе се работи да се поврзуваат тековно податоците од УЈП и Царина за да нема понатамошни злоупотреби со наплата на даноци. Ребалансот на буџетот ќе мора да се направи во брзо време зошто моментално, според неофицијални податоци недостигаат околу 120 -150 милиони евра кои не се испланирани, а се однесуваат за тековни трошоци.

Мора да ја знаеме структурата во делот на даноците по дејности, независно дали станува збор за ДДВ , персонален данок, данок на добивка, со цел да видиме секоја дејност како учествува, што се случува и нормално борбата со сива економија, кога зборувам за поврзување за двата системи, Царина и УЈП суштината е да ја спречиме сивата економија, вели Кочоска

Реклама

Во иднина нема да се дозволи да се префрлаат пари под ставка на капитални инвестиции кои завршуваат како непродуктивни трошоци, односно тие пари одат за тековни трошоци на претпријатијата под капа на државата.

Многу внимателно ќе работиме и ќе ги контролираме сите останати институции, кога пополнуваат налози или кога реализираат налози, да се внимава за каков трошок станува збор, да се употреби контото , тоа значи соодветно прикажување на финансиските извештаи на државата . Ние во овој момент живееме во лага , можам слободно тоа да го кажам, ако вие давате на некоја компанија средства како капитален трансфер, а таа компанија понатаму ги троши да купи јаглен или да исплати плата , тоа не е капитална инвестиција , додава Кочоска

Димитриеска Кочовска е експерт во областа на финансиите .  Има искуство во финансискиот консалтинг, била дел од банкарскиот сектор , а во приватниот сектор работела во секторот даноци. Таа беше и во претходната техничка Влада како заменик министер кога на чело на финансии беше Нина Ангеловска, а одреден период била и директор за финансии во ЕЛЕМ .