Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Огромна штета: 9000 хектари шума или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта

Речиси 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта   пеплосаа пожарите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта   пеплосаа пожарите на планината Серта.  Ова се првичните неофицијални  проценки на Македонски шуми.  Станува збор за слаба и деградирана шума, односно грмушки, смреки и даб.

Од страна на Неготино изгорени се околу 5.500хектари, а од штипска безмалку 3000 хектари . Освен растителниот, настрада и животинскиот свет. Штетите се епохални и потребни ќе бидат децении, за повторно се врати животот на планината.

  „ Она што е најважно да се каже е дека  бомбата што ќе се случи во периодот пред се е од еколошка гледна точка. Во моментот дивеч таму претпоставувам дека нема. Ќе треба да помине малку време за да почне дел од дивечот да се враќа, меѓутоа на него ќе му требат одредени услови за да биде таму. Во моментот дивечот таму нема ниту храна, ниту место каде да се крие. Така да тоа буквално ќе биде пустина„ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП„Македонски шуми„.

Реклама

Откако во целост ќе бидат изгаснати пожарите, во наредниот период  ќе се започне со чистење на  она што позади себе  го оставија пламените јазици. На овој начин опожареното подрачје ќе се подготви за втората фаза, а тоа е пошумување со автохтони видови на растенија. Но проблемот ќе биде уште поголем, бидејќи  во расадниците на Македонски шуми, нема доволен број на садниците коишто се потребни.

  „Нашите расидници во изминатите години не работеле со капацитет со којшто требало да работат и имаме недостиг на садници. Така да ќе мора да поработиме максимално и во овој сектор за да можеме во текот на оваа сезона  не знам колку ќе успееме, но во наредната да дојдеме до бројките коишто ни се потребни и да излеземе на конкретното барање на теренот„ изјави Михаилов.

Освен на Серта, во изминатиот период огнот беснееше и во радовишко и струмичко. На планината Плачковица пеплосани се 197, а во струмичко 400хектари.

Александра Ристевска