Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Ограбена канцеларијата на матичната служба во Прилеп

Украдени шест компјутерски монитори и еден хард-диск, оштетени Матични книги, одземена или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украдени шест компјутерски монитори и еден хард-диск, оштетени Матични книги, одземена или уништена документација, како и причинета друга материјална штета која дополнително ќе се утврдува, е резултатот од вчерашната кражба во просториите на прилепската Матична служба. Според раководителот на Службата, провалата случајно била откриена вчера во претпладневните часови, кога една од вработените матичарки дошла во Службата за да земе Матична книга заради претходно закажани регистрации, а кои се одвиваат во општинскатата зграда.

„По однос на оштетувањето на Матичните книги и на другата украдена документација, допрва ќе треба да кажат вработените што и дали нешто недостасува. Базата на личните податоци е заштитена и граѓаните можат да бидат спокојни. Со оглед на тоа што е викенд, Службата најверојатно нема да работи в понеделник, со цел да се утврди што точно недостига“, ни рекоа за Алфа од Подрачното одделение за Матична евиденција во Прилеп.

И од СВР Битола, ни ја потврдија кражбата.

Реклама

„На 11.05. во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05 до 11.05. од страна на непознат сторител било влезено во канцелариските простории на Управата за водење матични книги, подрачно одделение Прилеп на ул. „Димо Наредникот“ при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, – стои во соопштението од СВР Битола. 

Подрачното Матично одделние во Прилеп се наоѓа во центарот на градот, во непосредна близина на Полицијата и е сместено во сутеренски простории од станбена зграда. Според исказите на некои од станатрите во зградата, наводно некакво тропање и кршење се слушнало вчера во утрото, нешто после 9 часот.

Инаку, Управата за водење на Матични книги работи под капата на Министертсвото за првада, а на чие чело се уште се наоѓа министерот Кренар Лога, кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, кое на последните избори настапи како коалиционен партнер на ДУИ во т.н. „Европски фронт“.   

Каролина Дурло