Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Огласот заврши – Kој претендира за функцијата државен јавен обвинител?

Најжешкото столче на државниот обвинител би требало да се пополни до крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најжешкото столче на државниот обвинител би требало да се пополни до крајот на идниот месец. Во трката влегуваат пет искусни кривичари, поранешни и актуелни обвинители и судии откако на полноќ истече рокот за пријави во Собранието. Оттаму велат ќе почекале ден или два, да не случајно залутала некоја пријава по пошта.

Потоа, согласно законската процедура, пријавите од Собранието ќе бидат испратени до Владата. Владата, пак, кандидатурите ќе им ги даде на Советот на јавни обвинители чии членови имаат 15 дена законски рок да дадат позитивно или негативно мислење, за секој од кандидатите одделно.

Од Владата велат дека ќе го соопштат својот став откако ќе се произнесе Советот.

Реклама

Имињата на кандидатите и се добро познати на јавноста. Според информации што кружат во судските кулоари највисоко котира сегашната вд државна обвинителка Анита Тополова Исајловска. Таа е и најмалку позната на јавноста, а досега вешто ги избегнува новинарите. За неа за првпат се слушна откко една недела пред Нова година беше изгласана за привремен старешина откако претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка.

Меѓу кандидатите е и добро познатата обвинителка Лидија Раичевиќ . Доаѓа од редовите на Републичкото обвинителство. Досега гонела во бројни медимско експонирани предмети. До Собранието Раичевиќ има доставено и стратегија според која ќе се води доколку седне на јавнообвинителската фотелја.  

Не толку познат на јавноста е и кандидатот сегашен судија во Кривичниот суд во Скопје, Ненад Савевски. Тој пред да биде избран за судија, беше обвинител.

Меѓу кандидатите е и екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски. Има работено и како истражен судија и судија во Одделението за организиран криминал. Пред да биде избран за судија има искуство и во финансиската полиција и во Јавното обвинителство.

Во трката е и добро познатата обвинителка од пропаднатото СЈО, Ленче Ристовска. Таа водела истраги за корупција и организиран криминал. Од 2018 година е избрана за обвинител за врски во Агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда Еуроџаст.