Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Одржана конститутивна седница на Локалниот совет за превенција во Делчево

Во Делчево денес се одржа првата седница на новоформираниот Локален совет за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево денес се одржа првата седница на новоформираниот Локален совет за превенција, кој повторно беше активиран по иницијатива на градоначалникот Иван Гоцевски. 

Целта на Советот е координирање активности за подобрување на безбедноста, со особен фокус на претстојниот празничен период.

Градоначалникот Гоцевски во своето излагање истакна дека во периодот на празнични прослави е особено важно да се преземат мерки за заштита на граѓаните и намалување на ризиците.

Реклама

-Советот ќе работи на подигање на свеста за тоа како граѓаните треба да постапуваат во празничниот период, со цел да се избегне употребата на пиротехнички средства и да се намали ризикот од инциденти, изјави Гоцевски.

По формирањето, Советот ја активираше Работната група задолжена за изготвување едукативни материјали и организирање на активности за учениците. Во текот на декември, во училиштата ќе се одржуваат предавања и работилници посветени на подигнување на свеста за опасностите од пиротехничките средства.

Според локалните власти, целта е од најрана возраст да се поттикне одговорно и безбедно одбележување на празниците, како и да се спречат несакани инциденти поврзани со неправилна употреба на петарди и друга пиротехника.