Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Одложено судењето за убиството на Вања и Панче за да се спојат обвиненијата за Палевски и четворицата соработници

Тројцата помагачи на Палчо за двојното убиство исправени пред судијата Ивица Стефановски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројцата помагачи на Палчо за двојното убиство исправени пред судијата Ивица Стефановски. Таткото на Вања надведнат и згрчен на обвинителната клупа.

За првпат во судницата, лице в лице се сретнаа ликвидаторите и таткото на убиената Вања, кој е обвинет дека далал информации за траекторијата на движење на неговата ќерка.

Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски седнаа на обвинителна клупа, но само за кратко. 10-тина минути беа доволни рочиштетото да се одложи за две недели.

Реклама
  • Судијата од скопскиот Кривичен суд Ивица Стефановски го прифати барањето на обвинителството двата предмети да ги спои во едно. Сега на 20-ти септември ќе им се суди на сите петтмина осомничени за двојното убиство. 

Евидентно е дека сите обвинети имаат адвокати, со кои ќе се бранат во постапката.

Обвинет како организаторот и реализатор на двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо не беше спроведен до судот. Но ќе биде на 20-ти септември кога и обвинителството но и одбраната ќе треба да го дадат воведниот збор во судската постапка. Се очекува пред судот нешто во своја одбрана да кажат и обвинетите па и Палевски.

Јавноста обраќање слушна од таткото на Вања кого Врховниот суд му ја олесни мерката ефективен со куќен притвор. Од таму беше и спроведен, а како што посочи тогаш пред врховниот судии не му е важно каде ќе го дочека епилогот од судската постапка, по што ќе одлучи дали да и се придружи на постарата ќерка.

Според обвинението, Палчо се товари дека бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски. Видевски, Манев и Кешишов се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. За нив обвинението беше поднесено во мај годинава, истиот временски период кога Палевски беше екстрадиран од Турција во Македонија. Тој беше во бегство една недела по убиството, а на 6-ти декември беше уапсен од турската полиција во градот Беликесир. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.