Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

На 22.02 2025 година, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) ја започна натпреварувачката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 22.02 2025 година, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија. Оваа година, нашите натпреварувачи постигнаа извонредни резултати, освојувајќи вкупно 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали, како и 5 пехари за најдобри поединци. Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ место во екипна конкуренција. Македонската екипа составена од 19 натпреварувачи, 2судии, 2 тренери и 3 официјални лица, учествуваше заедно со 18 клубови од 6 европски земји: Шведска, Грција, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Конкуренцијата беше жестока, но нашите натпреварувачи, кои натпреваруваа во двете дисциплини – форми и борби, уште еднаш покажаа зошто сме горди на нив.
Одлични резултати постигнаа следниве клубови:

  • ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид: 6 златни, 3 сребрени, 2 бронзени и 2 пехари за поединци.
  • ТК “МАСТЕР” Охрид: 2 златни и 4 бронзени медали.
  • ТК “ЧОНЏИ” Косел Охрид: 3 златни, 1 сребрен и пехар за најдобар поединец (кадет).
  • ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга: 5 златни, 1 сребрен, 4 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниор).
  • ТК “АХИЛИУС” Скопје: 3 златни, 1 сребрен, 2 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниорка).

Честитки за организаторите на “Тирана Опен” за одличната организација и квалитетниот натпревар, кој беше повеќе од потребен по краткиот период од претходниот натпревар. Искрената благодарност ја упатуваме до нашиот генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерството за спорт и Општината Охрид. Ве известуваме дека Државното првенство во Таеквон-до ИТФ ќе се одржи на 15 март во мала сала С.Р.Ц. Билјанини извори, организирано од клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој е првиот отворен клуб во Македонија. Право на учество имаат сите членови на М.Т.Т.Ф.По државното првенство, продолжуваме со подготовки за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија од 28.04 до 04.05.2025 година, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф. Честитки на сите наши натпреварувачи и многу успех во идните натпревари!