Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Одбраната на 36 годишната жена во Кратово, уште чека одговор од кумановскиот основен суд

Адвокатската канцеларија која бесплатно ќе ја брани 36 годишната жена од Кратово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Адвокатската канцеларија која бесплатно ќе ја брани 36 годишната жена од Кратово, се уште чека како кумановскиот Основен суд, ќе постапи по нивната жалба, односно дали мерката 30 дневен притвор ќе ја замени во куќен. Адвокатот Христијан Георгиевски, смета дека постојат поголем број на олеснителни околности кои судовите ќе ги земат во предвид и ќе овозможат жената која од жртва стана двократен убиец во овие тешки моменти да биде со своите деца.

 „Се работи за долгогодишни поплаки, долгогодишни мерки кои биле преземани како од Центрот за социјална работа во Кратово, така и од полициските органи за заштита на оваа жртва. Не се работи за насилство кое се одвивало еден ден или една недела. Се работи за повеќегодишен временски период каде што имало упатувано повеќе закани и дејствија поврзани со самото насилство“, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Одбраната останува на ставот, дека во конкретниот случај не се работи за класично убиство. Очекуват по завршувањето на истрагата ОЈО Куманово, да ја смени правната квалификација во  акт на самодбрана, односно инстутот нужна одбрана, што подразбира и ослободување од вина, како што беа случаите Пале од Велес и дедо Љубе од Којково.

Реклама

„Таа е директна жртва на тоа што и се случувало и на неа се уште се забележуват  физички и психички  трагови од тоа долгогодишно семејно насилство….таа е целосно согласна со стратегијата на одбраната и сметаме дека иако ни престои долгогодишна како правна, така и семејна битка ќе извојувавме победа“, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Георгиевски, не открива детали од психијатриското вештачење кое се уште е во тек, ниту пак колку пати за насилство го пријавувала својот сопруг. Речиси 13години биле во брак и имат две малолетни деца. Несогласувањата започнале во 2019. На сега починатиот сопруг му била изречена и судска забрана во рок од една година. Убиството се случи во семејната куќа. Жената за да се спаси од сопругот кој ја тепал и давел, со кујнски нож прво го прободела сопругот, а потоа и свекорот.

Александра Ристеска