Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд

Врховниот суд одлучил дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врховниот суд одлучил дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка за предметот „Рекет“, оценувајќи дека тој не може да се смета за оштетен во случајот.

Како што објави Призма.мк, петмина врховни судии донеле одлука дека Камчев нема основ да ги побарува средствата што ги дал, откако претходно преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на одлуките на пониските судови кои му ја одбиле тужбата.

Камчев во 2022 година ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како и поранешното Специјално јавно обвинителство, барајќи солидарно враќање на парите што, според неговите наводи, ги дал како рекет, но подоцна се откажа од тужбата против Милевски.

Реклама

Во образложението на пресудата, Врховниот суд наведува дека тужителот се впуштил во, како што е наведено, „морално недопуштено договарање“ со тужените, со цел да си ја олесни положбата во предметот „Империја“, поради што нема право да бара враќање на дадените средства. – Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото – стои во пресудата.

Судот оценил дека со давањето пари Камчев сторил кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, посочувајќи дека евентуалното обештетување би значело нарушување на интегритетот на правосудниот систем.

– Дозволувањето тужителот да биде обештетен би значело компромитирање на интегритетот на правосудниот систем во неговата срж, бидејќи судот на тој начин би го наградил тужителот за учество во однос за кој првотужениот, второтужената и третотужениот претходно се санкционирани со казни затвор – се вели во пресудата.

Дополнително, судот утврдил дека дел од тужбеното барање кое се однесува на околу 500 илјади евра дадени на Јовановски не е поткрепено со материјални докази, како и дека Камчев не бил непосреден сведок за наводната исплата на 1,5 милиони евра кон Јанева.

Со одлуката, Камчев е задолжен да ѝ исплати на Јанева 52 илјади денари за трошоци за одговор на ревизијата.

Предметот „Рекет“ претходно заврши со правосилна пресуда, со која на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 му беше изречена затворска казна во траење од девет години за кривичните дела „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“, додека на второобвинетата Катица Јанева ѝ беше изречена затворска казна во траење од седум години за „злоупотреба на службената положба и овластување“.