Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Одбележување на роденденот на Горан Стефановски утре во Дебар Маало

Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало утре попладне од 17…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало утре попладне од 17 часот Општина Центар организира  одбележување на роденденот на големиот драмски автор.

Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина.

Во рамки на настанот, хорот „Мирче Ацев“ ќе изведе неколку од омилените песни на Горан Стефановски, а настап ќе има и младата џез формација „Трицикл“.

Реклама

Програмата ќе биде збогатена со монолози од неговите дела, интерпретирани од актери, како и со ликовна изложба со портрети од Горан Стефановски, насликани од уметникот Ненад Рафајловски. Музичката атмосфера ќе ја заокружи диџеј Шурбе.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ги покани  сите почитувачи на книжевноста и делото на Горан Стефановски да се придружат на утрешниот настан за, како што вели, „заедно да го одбележиме неговото творештво, неговиот дух и неговото присуство во културниот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори“. 

Општина Центар соопшти дека години наназад реализира настани и уредува уметнички катчиња, посветени на животот и делото на славниот дебармаалец Горан Стефановски (Битола, 27 април 1952 – Кантербери, Обединето Кралство, 27 ноември 2018)