Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Oдбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Aрмијата

Седумнаесет години од кобниот 12 јануари 2008 година кога загина целиот екипаж…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумнаесет години од кобниот 12 јануари 2008 година кога загина целиот екипаж на хеликоптерот МИ – 17. кој се враќаше од мировната мисија, Алтеа, во Босна и Херцеговина. 11 припадници на Армијата на Македонија го загубија животот кај катлановско Блаце, каде се урна армискиот хеликоптер на педесетина метри од селските куќи.

Со едноминутно молчење и полагање цвеќе на спомен обележјето, денеска почит им оддадоа делегации од Министерството за Одбрана, Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски и генералот – мајор, Сашко Лафчиски како и семејствата на загинатите војници.

Министерот рече дека вакви несреќи се случувале и во минатото, но дека најважно е жртвите никогаш да не бидат заборавени.

Реклама

„За жал и во минатото се случиле вакви трагедии, секогаш може да се случат. Ова е веќе пред 17 години чинам, 2008 година се случи по враќање на нашите мировници од една мисија во Алтеа, во Босна и Херцеговина, каде што при враќање се случи тоа што се случи, за жал. Имаше во тој период и истрага, што не се докажа до крајот што се случило и експерти имаше инволвирано, но најважно е да оддадеме почит и никој од нив не биде заборавен. Бидејќи тие се македонски херои и сите луѓе што работат во Армијата и моментално, но и во минатото, треба да ги почитуваме. За жал се случуваат несреќи и еве сведоци сме по 17 години на еден ваков чин за жал“, рече Владо Мисајловски, министерот за одбрана на Македонија. 

Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во Алтеа, на 12 јануари полетаа од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел во скопскиот Аеродром, а последниот контакт со контролната кула, леталото го направило на шест милји од целта.

„И по 17 години се уште се свежи сеќавањата од трагичната несреќа кај катлановско Блаце, каде животот го загубија 11 припадници на армијата. Тука на спомен обележјето повеќе делегации од Министерството за одбрана и армијата положија свежо цвеќе во нивен спомен“.

Во несреќата загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците, Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Мики Ивановски и Александар Тасковски и Александар Васиќ, како и десетарот Златко Вељановски.

Љубиша Владимиров