Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Одбележан празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски во македонскиот КИЦ во Загреб

Во македонскиот КИЦ во Загреб со свечена програма беше одбележан празникот посветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во македонскиот КИЦ во Загреб со свечена програма беше одбележан празникот посветен на Свети Климент Охридски. Во рамките на одбележувањето на денот на Свети Климент Охридски беше претставен  мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“, солистички концерт на авторска музика на Билјана Петровска (соло пијано) и сценска визуелна инсталација на Марина Цветановска-Мартиновска, се вели во соопштението од македонскиот КИЦ во Загреб.

Преку презентација на македонското традиционално културно наследство со современ и модерен израз пред бројната публика беше претставен македонскиот фолклор, специфичниот ритам и мелодиите , кои се разработени во композициите на Биљана Петровска збогатени и надополнети со инсталацијата на Марина Цветаноска – Мартиновска , како визуелно надополнување на музичкиот ритам и мелодиско движење. „Мечтаење помеѓу празното и празнината “е современ музичко-визуелен проект, каде музичката креација на Билјана Петровска и изведбата на нејзините современи музички композиции кои го донесуваат нејзиниот препознатлив звук како музички автор, се надополнува со визуелната светлосна инсталација на Марина Цветановска Мартиновска со нејзиниот долгогодишен препознатлив ракопис . Два оригинални изрази, поврзани преку заеднички елементи, создадоа амбиентално визуелен звук и звучеа или изгледаа како една целина.

На свеченото одбележување на денот на Свети Климент бројната присутна публика ја поздравија, Амбасадорот на Македонија во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Реклама

Во својот инспиративен говор македонскиот Амбасадор Н.Е. Драган Ѓурчевски упатувајќи честитки по повод Денот на Свети Климент ја истакна големината и значењето на делото на големиот просветител и учител – Свети Климент Охридски.

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска потенцираше дека: „Овој значаен и празнуван христијански, македонски и сесловенски ден кога го славиме возвишениот Свети Климент Охридски ја сфаќаме вредноста на вечната вистина дека вредноста на човековото битисување е длабоко вкоренета во делата, добрината и љубовта кои остануваат после нас. Кај нас не постои само култ кон Светецот, туку поточно кажано, постои огромна почит кон Светецот кој дејствиено се вградува во колективната свест и во трајната меморија на народот, рече Ѓоргоска Илиевска“.

Мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината “ е дел од Годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан во рамките на Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам.