Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Одбележан Денот на Логистичката база

Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје го одбележаа 20 Мај, Денот на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата. По овој повод, пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на Логистичката база (ЛБ), полковник Мухарем Мухареми.

Началникот на Генералштабот на Армијата, честитајќи го денот, истакна дека е горд на достигнувањата кои беа реализирани во изминатиот период, потенцирајќи ја улогата на единицата во справувањето со последиците од пожарот во Кочани, кој се случи на 16 март оваа година. Тој во оваа прилика им оддаде признание и на медицинските екипи, на персоналот од координативниот центар за поддршка на земјата домаќин и сите останати припадници на единицата.

-Почитувани припадници на Логистичката база, вашите перформанси за време на споменатите задачи и активности уште еднаш докажаа дека логистичката извонредност не се однесува само на ресурсите, туку и на професионалноста, дисциплината и тимската работа, истакна генералот Лафчиски.

Реклама

Според Мухареми, Логистичката база во изминатите години беше активно посветена на исполнување на мисијата и задачите преку континуирана и навремена поддршка. Командантот се осврна и на колективот во ЛБ, нагласувајќи дека успешноста на извршување на задачите лежи во тимската работа и колективните капацитети.

-Вашата посветеност, достигнатото ниво и воспоставените работни процедури се гарант за понатамошни позитивни остварувања, наведе полковникот.

Во рамки на свеченоста беа доделени повеќе стимулативни мерки. Присуствуваа и директорот на ГШ, бригаден генерал Орце Јордев, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на Командата за обука и доктрини, Лулзим Нуредини, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, командантот на СЕЕБРИГ, бригаден генерал Билбил Битри, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, пензионирани генерали, команданти на команди и единици на Армијата, како и други гости.

Со одлука на претседателот и врховен командант на Армијата, Логистичката база го прославува 20 мај во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за неговото отпочнување. Основната мисија на ЛБ е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата на Република Северна Македонија.