Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Oд вкупно 42 пожари во изминатиот ден, 5 се уште се активни

Од 42 пожари во последново деноноќие активни се уште пет пожари. Четири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 42 пожари во последново деноноќие активни се уште пет пожари. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.Најсериозно и натаму е во Македонски Брод и пределите околу Охрид и Пробиштип, каде противпожарните екипи и доброволци, со денови се борат со пламените јазици.

Пожарот кај селото Брезово кој се закануваше да стигне и до куќите на жителите и понатаму е активен, а се уште гори кај селото Пресека во Кочани и Патетино во Свети Николе.  Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов апелира до граѓаните да бидат внимателни доколку одат во природа.

„Ова е чешкиот „Блек хоук“, кој што моментално дејствува на пожарот во атарот во селото Брезница и Тажево. Пожар кој што зафаќа голема површина и е многу тежок за гаснење. Инаку денес на територијата на државата, активни се пет пожари. Покрај овој пожар на територијата на општина Македонски Брод во атарот на селата Тажево и Брезница со крак кон Јасен, но нагласувам ловиштето Јасен не е зафатено од пожар, вработените во Јасен не дозволија пожарот да навлезе на територијата на ловиштето Јасен. Покрај овој пожар го имаме и пожарот на Илинска планина кој што исто така се одвива неколку дена и исклучително ќе биде тежок за гаснење, затоа што зафаќа голема површина и создава црн и темен чад кој што ја отежнува работата на воздухопловите“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Реклама

Активни се пожарите и во селата Тажево во Македонски Брод и Брезница односно кракот кон Јасен, потоа кај селата околу Охрид, Расино, Опеница, Вапила, во Богданци, и во селата Зелениград и Јамиште во Пробиштип.

Под контрола се пожарите во Кочани кај селото Пресека, во Свети Николе кај селото Патетино, во Пласница и Латово и во Македонска Каменица кај селото Дулица.

Стигна и странска помош во борбата со огнената стихија. Во врска со активираниот механизам за цивилна заштита на ЕУ, според најавите на ЦУК, во земјава на помош пристигнаа шест хеликоптери и четири ер трактори. Два хеликоптери од Србија, два од Унгарија, еден од Словенија и еден од Чешка како и ер трактори, од Германија и Шведска.

Изминатиот период неколку лица беа приведени поради подметнување пожари што предизвика зголемено полициско присуство на терен. Речиси помина еден месец како Македонија се справува со огнената стихија.

Досега околу 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа во пожарите. Како што соопштија од Македонски шуми од нивните проценки станува збор за слаба и деградирана шума, односно грмушки, смреки и даб.

Од страната на Неготино изгорени се околу 5.500 хектари шума, а од штипската страна безмалку 3000 хектари . Освен растителниот, настрада и животинскиот свет. Штетите се епохални и потребни ќе бидат децении, за повторно да се врати животот на планината.

Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.

Љубиша Владимиров