Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Прилози

Хуманитарен пункт за штетите од пожарите

Секој кој што сака да им помогне на граѓаните кои претрпеа штети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој кој што сака да им помогне на граѓаните кои претрпеа штети во пожарите тоа ќе може да го направи од утре, во центарот на Скопје каде ќе биде отворен хуманитарен пункт.

Граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села и раздадени на околу 400 домаќинства.

Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија и Интернационалната Полициска Организација.

Реклама

Владимир Чолаковски од „Хуманитарни акции.мк“ информираше дека во моментот водат голема Фејсбук кампања за утрешното отворање на овој голем хуманитарен пункт.

„Од утре започнуваме да собираме поголеми количини на донации во фомра на облека и храна. Лекови веќе имаме собрано и се надеваме дека за три, четири, пет дена ќе ве викнеме да ги снимите донациите и се координираме сите со превоз со автомобили и комбиња, да ги однесеме до семејствата“, рече Владимир Чолаковски од „Хуманитарни акции.мк“

Главниот координатор на Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија, Гоце Делчев Тодев, најави дека хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во источна Македонија.

„Целта ни е што повеќе да собереме материјални и технички средства, гардероба, храна. Тежиштето ни е на Овчеполскиот регион. Ќе биде несериозно да кажам дека можеме да помогнеме за целиот источен регион, но ќе се фокусираме на Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Куманово, потегот кај Старо Нагоричане. Станува збор за 30-тина села и за околу 400 домаќинства. Утре почнуваме со процесот на прифаќање на донации, прифаќаме дури и врати прозорци, ова ќе оди во втората фаза“, рече Гоце Делчев Тодев, Главниот координатор на КСОМ.

Претседателот на Меѓународна полициска организација, Ејуп Акија ги повика сите граѓани, сите регионални директори на ИПО низ цела држава и сите членови на ИПО кои што се во можност да помогнат на граѓаните кои настрадаа од пожарите.

„Ги повикувам сите граѓани, сите регионални директори на ИПО, и сите членови, кој што се во можност да помогнат, кој колку може за да им помогнеме на нашите граѓани кои што имаат потреба“, рече Ејуп Акија – Претседателот на Меѓународна полициска организација

Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“ во близина на комуналното претпријатие.

Љубиша Владимиров