Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Oд септември нови учебници за средношколците, а расправа за новата концепција се уште трае

Од септември средношколците ќе учат по нови програми и од нови учебници.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од септември средношколците ќе учат по нови програми и од нови учебници. Ова го најави министерката за образование Јаневска. Јавната расправа за концепцијата се уште трае и ќе има време да се стокми и да биде соодветна на програмите од Европската Унија за нашите гимназијалци. На тој начин гимназијалците кои ќе сакаат да го продолжат своето образование во Македонија, но, и оние кои ќе сакаат да продолжат во странство, ќе бидат подготвени на соодветно ниво за понатамошното образование.

„За концепцијата ќе имаме отприлика една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а дел од нив и во странство, да се на соодветно ниво подготвени за понатамошното образование, рече Јаневска.

Предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието се однесувале, генерално, на зголемен број на часови на секој од предметите и дополнување на дополнителни предмети.  Јаневска објасни дека доколку би се зеле предвид тие предлози, учениците би останувале на училиште многу долго.

Реклама

„Кога Бирото го направи распоредот на часови, според барањата на стручната јавност, здруженијата на наставниците, излезе дека учениците секоја година, од прва до четврта, треба да бидат на училиште најмалку 10 до 11 часа. За да нема забуна 10 до 11 саати во работниот ден. Тоа не е можно“, изјави Јаневска. 

Во моментов во 141 училиште низ државава е воведена едносменска настава, процес што тече паралелно со проектот за оптимизација на училиштата.  За таа цел се прават планови за доградба на училници или, во некои општини како Аеродром, Кисела Вода и Чаир, изградба на нови училишни објекти. Идејата да се оптимизираат училиштата, односно, да се затворат и тие деца да се префрлат во поголемите училишта во близина е од корист и за децата и за државата, смета министерката Јаневска.

Љубиша Владимиров