Од рајот до пеколот. Тоа во најкратки црти е судбината на ДУИ во 2024-та година. Во јануари добија премиер, во мај почна да им се пишува опозициската судбина, која беше финализирана во јуни, кога официјално станаа опозиција по повеќе од две децении владеење. По се изгледа интегративците беа загубени во својата моќ, мислеа дека никогаш нема да паднат во власт. Па десната рака на Али Ахмети, сега бегалец од правдата Артан Груби реши да ги почасти политичките ривали со медикаменти против болки, бидејќи губеле во првиот круг од претседателските избори.
По парламентарните избори, кога стана јасно дека ДУИ заминува во опозиција, медикаментите му беа вратени од Арбен Таравари. Со падот од власт ДУИ стана партија која почна целосно да ја губи својата моќ.

Национализмот и заканувачката реторика им стана главното. Им пречеше што се укинува балансерот, нешто што претходно самите го имаа предложено како дел од Владата. Тоа беше заборавено, па почна да им пречи што Уставниот суд треба да одлучува околу законот за јазиците, за што дури и се собираа на протести. Национализмот стана единствнета карта на која игра ДУИ.
Според познавачите, ваквите потези се единствено се со цел некако повторно да да се вратат на власт. Во такво сценарио не верува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.
-Тие се надеваат само на едно, на кардиналните грешки кои може да ги направат „Вреди“. Односно целта на ДУИ, со поттикнување на овие тензии кои мислат дека со покренување на етнички прашања може да падне „Вреди“ во таа стапица, се со можност да ги заменат нив во власта, вели Фаризи.
Новинарот Џенур Исени вели бадијала му е се на ДУИ, можат да одат само надолу, бидејќи ги губат оние клиентилистички гласови кои ги имаа додека беа власт.
-Веќе и членството почна да им врти грб на ДУИ, тоа беше јавна тајна што се прави овој период. И кога се обелодени сето тоа што го направија и членството веќе не им верува, бидејќи и сенката на Ахмети што тврдеше дека е чист како солза избега надвор од земјата. Бидејќи Артан Груби е синоним на ДУИ и Артан Груби е обвинет за корупција, вели Исени.
Како главен во ДУИ покрај Ахмети важеше и Артан Груби, кој не се ни обидуваше да ја сокрие својата моќ во власта.
Но во текот на протестите пред Уставниот суд, како голем удар за ДУИ дојде информацијата дека тој заврши на црната листа на САД, по што кампувањето престана. Според Исени ова е еден вид нокаут за партијата на Ахмети.
-Мислам дека немаат воопшто капацитет, особено после големиот удар кој што им го нанесе американската амбасада. Но, мислам дека ќе имаме многу нови случувања после новата година, бидејќи и самата амбасадорка Агелер самата јавно кажа дека сите знаеме кој е корумпиран во оваа земја и мислам дека можно е таа листа да се прошири со уште други функционери на ДУИ, вели Исени.
Фаризи кај ДУИ постои страв дека дури сега следува испитувањето на криминалите сторени минативе години.
-Веќе репуптацијата на ДУИ е нарушена со тоа што открија криминалите, односно сомнежите за криминал и корупција од страна на поранешниот вицепремиер во наводници, бидејќи тој беше и реалниот премиер државата и по неговото бегство веќе почнуваат во ДУИ да се плашат кој е следен над кој може да се поднесе кривична пријава, вели Фаризи.
Од можеби најмоќна партија во власта до мај, ДУИ стана партија која се плаши дека ќе почне да брои колку нивни поранешни функционери ќе завршат пред судовите и ќе одговараат за стореното. Во моментов веќе двајца им се во бегство, покрај Груби, недостапен за органите е и поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами.
Матеја Петровски
