Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Македонија

Од претприемништво до одржлив дизајн: викенд-програма на Skopje Design Week 2026 во Public Room

Панел-дискусии за претприемништво и локалната креативна сцена, како и предавања посветени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Панел-дискусии за претприемништво и локалната креативна сцена, како и предавања посветени на архитектурата, културното наследство и современиот дизајн ќе бидат дел од викенд-програмата на Skopje Design Week 2026, која денеска и утре ќе се одржи во Public Room во Скопје.

Во рамки на програмата се предвидени шест настани – две панел-дискусии и четири предавања од циклусот EDU TALKS, преку кои ќе се отвораат прашања за развојот на креативните индустрии, одржливоста, архитектурата и новите пристапи кон дизајнот.

Саботната програма ќе започне со панел-дискусијата „Од визија до реалност – предизвиците на сопственото претприемништво“, на која ќе се разговара за патот од креативна идеја до одржлив бизнис, финансиската поддршка и улогата на институциите во развојот на малите и креативните компании.

Реклама

Во продолжение ќе следуваат предавањата „Помеѓу“ на проф. д-р Љупчо Јованов, посветено на поврзувањето на архитектурата, театарот и визуелните уметности, како и „Компонентата памети – Создавање згради од делови што го знаат своето минато“ на архитектонскиот истражувач Тони Левак, кој ќе зборува за можностите за повторна употреба на градежните материјали.

Во недела ќе се одржи панел-дискусијата „Твориме тука: иднината на локалната креативна сцена“, посветена на условите за работа и професионален развој на независните уметници и дизајнери во земјава.

Во рамките на EDU TALKS ќе настапи и дизајнерката Јана Ацевска со предавањето „Рефлексии – Традицијата како современ дизајнерски јазик“, додека грчкото студио „papairlines“ ќе говори за DIY дизајнот и алтернативните пристапи во создавањето производи преку предавањето „Секојдневни решенија за вообичаени проблеми“.

Сите настани се со слободен влез, а заинтересираните посетители ќе можат да присуствуваат на програмата во Public Room.

Годинашното издание на Skopje Design Week ќе се одржи од 21 до 27 ноември под мотото „Crafting Tomorrow“, со фокус на поврзувањето на традицијата, занаетчиството и современите иновации.