Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милион евра 

– Од почетокот на годината, заклучно до јуни, од наплата на патарина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Од почетокот на годината, заклучно до јуни, од наплата на патарина во државата инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра) во споредба со минатата 2025 година и наплатени се 21.891.532 денари повеќе – информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП).

Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир Капија, Отовица, Гевгелија. 

Според собраните средства и цената на билетите, највисоки приходи има на Романовце по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија. 

Реклама

– Јавното претпритијатие за државни патишта секогаш кога има зголемен обем на сообраќај на наплатните станици, а особено во летната сезона Одделението за наплата на патарина прави акциски план (распоред), при што на секоја наплатна станица на двата коридори се пуштаат во функција сите расположливи ленти, секако еднакво им се дава приоритет и на електронската наплата на патарината (ЕНП) на MTag, каде што најмалку една лента е секогаш во функција – тоа се возила што поминуваат без да застанат, и на електронската наплата на патарината MCard – тоа се возила што немаат контакт со вработен, т.е. бесконтактно поминување – велат од ЈПДП.

Учеството на електронската наплата во вкупниот промет на наплата е 36 проценти од вкупно 11 наплатни станици на кои е воведена. 

Од ЈПДП посочуват дека податоците за продажбата на електронски уреди и нивно надополнување, особено откако м-таг уредите се достапни и во продажните салони на операторите, покажува дека електронската наплата на патарини е зголемена за 6 проценти од вкупната таква наплата.

Од мај годинава м-таговите може да се купат и во продажната мрежа на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“, а претходно беа достапни само во ЈПДП или на наплатната станица „Петровец“.

Раководството на ЈПДП при промоцијата на можноста за купување на м-таговите кај мобилните оператори инфорира дека се размислува за воведување на моделот на наплата на патарини како во Србија, односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8. 

Од наплата на патарини минатата година (заклучно со 23 декември) беше остварен промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).