Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Од „Менуваме“ бараат да се вратат специјализираните училишта: Додека децата играат баскет на физичко, слепите дете чуваат ранци

Македонското образование се уште ги трпи последиците од катастрофалните и неуспешни реформи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското образование се уште ги трпи последиците од катастрофалните и неуспешни реформи на поранешната министерка Мила Царовска. Наместо најавите дека секое дете ќе го постигне својот максимален потенцијал, се создаде тотален хаос во училиштата.

Од коалицијата „Менуваме“ велат дека инклузивното образование не ги дало посакуваните резултатити и поради тоа случува децата со попреченост да бидат изоставени или заборавени во процесот на образование.

„Еве да ве прашам вас. Имаме час по фискултура така? И сега имаме баскет. И сега имаме 30 дечиња. Јас сум слеп. Дете нели. И сега кажете ми како ќе играм баскет? Не можам да играм. ќе треба да седам да им ги чувам ранците на другарчињата“, рече Суарет Алишан од Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикепт „Менуваме“

Реклама

Од коалицијата бараат враќање на стариот модел на образование односно децата со оштетен слух, вид и говор и другите деца кои имаат некаква попреченост да учат во специјализирани училишта каде ќе има стручњаци кои ќе работат со нив но и со нивните родители.

„Како нешто ново што предложивме како коалиција „менуваме“, досегашното образование во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид, „Димитар Влахов Скопје“, во средното образование, како што беше до сега праксата, како што е картонажа што е застарена програма ПТТ, да биде заменето со средно гимназиско образование како и средно музичко образование, како и информатичко програмирање, кој што и како тоа можат слепите лица да бидат добри програмери да работат на дата база“, рече Алишан.

Овие барања беа претставени пред министерката за образование Весна Јаневска. Во ресорот во моментов се подготвуваат повеќе закони со кои треба да се унапредат образовните услуги. Оттаму веќе порачаа дека родителите ќе имаат избор дали сакаат детето со попреченост да оди во специјализирано училиште или во обично каде на располагање треба да има асистент.

Во Македонија има околу 2.000 деца со попрченост и 650 асистенти, а се работи на ангжирање нови.

Љубиша Владимиров