Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во транспортот на стоки.

Според него, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Реклама

-Имајќи предвид дека се гради автопатот Прилеп-Битола и дека се користи стариот пат, сметавме дека е добро да се воспостави еден меѓуградски воз. Интензивно работиме со двете железнички претпријатија за да се подготви инфраструктурата и особено патните премини и да се обезбедат возови со соодветна фреквенција. Можам да најавам дека на крајот на јуни, почетокот на јули, како што веќе ветивме, ќе биде воспоставена линијата помеѓу Прилеп и Битола, изјави Николоски.

-Веќе е реализирана улицата „Гоце Делчев“, наскоро ќе почне изградбата на улицата „Пелагонија“, а преку проект на Светска банка се работи и на улицата „АСНОМ“, рече Николоски.

Тој посочи дека возот ќе сообраќа во термини кои најмногу ќе им одговараат на граѓаните, а цената на билетот ќе биде симболична.

-Ќе има меѓуградски воз помеѓу двата града во соодветни термини кои што најмногу ќе одговараат на граѓаните. Ќе биде тоа една симболична цена од 150 денари, за да можат што повеќе граѓани да го користат, рече Николоски.

Министерот најави и скоро почнување на карго железничкиот сообраќај кон Прилеп и Битола, нагласувајќи дека веќе постои сериозен интерес од компании за користење на железничкиот транспорт.

-Во Прилеп веќе има сериозен интерес од неколку компании да ја користат железницата како можност за сообраќај и транспорт. Тоа прво ќе помогне да се намали загадувањето, второ да ги заштитиме патиштата и трето да ја заживееме железницата, истакна Николоски.

Државните институции, потенцира, ги преземаат сите неопходни активности за воспоставување на патничкиот и товарниот железнички сообраќај, а наскоро ќе остане компаниите да ја искористат можноста за транспорт на производи и суровини преку железница и да ги намалат своите трошоци.