Реклама
Македонија

Од европските врвови на Варадар, до локалното дно: Борко Ристовски ќе се бори да се вратат славните денови

Македонија во кошарка четрвта во Европа, Вардар двократен европски првак во ракомет,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во кошарка четрвта во Европа, Вардар двократен европски првак во ракомет, фудбалска Македонија на Европско, фудбалски Вардар во Лига Европа. Ова беше реалност пред само неколку години, но сега се е променето. Спортот во Македонија е во катастрофална состојба, вели министерот за спорт Борко Ристовски. Спремен е да работи, повторно да се вратат славните денови на македонскиот спорт.

-Во овој момент спортот во Македонија би го како катастрофален или на многу ниско ниво, затоа што ако едноставно се навратиме многу години наназад, освен поединечни блесоци, како што е освојувањето на теакфондистот Дејан Георгиевски, освојување на медал на Олимписки игри, поголеми резултати и да сме немале, ниту во колективни, ниту во индивидуални спортови, изјави Ристовски.

Во минатиов период првите луѓе во спортот добија и кривични пријави за своето работење. Постои сомнеж дека се проневериле повеќе милиони евра.

Реклама

-Обвинение за првите двајца луѓе, меѓу оние 12 кои што би требало да се врвот на институциите во спортот, тоа се поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт и тоа е претседателот на МОК, Даниел Димески. Со самото тоа проневерата мислам проневерата, обвиненијата и пријавите мислам се за пет милиони евра државни пари, изјави Ристовски.

Ристовски постигна договор со неколку спортски легенди да не ги рекламираат повеќе обложувалниците и брзите кредити.Но  според него  се добредојдени ако инвестираат во клубовите.

-Јас немам ништо против да речеме едно казино или кладилница или брз кредит да се рекламира во спортот и тоа и го препорачуваме како една општествена одговорност. Меѓутоа да не се премине една граница на експлатација на спортистите и самите ликови да се искористуваат повеќе од тоа што е потребно, изјави Ристовски.

Главната цел на Министерствот за спорт е унапредување на спортската инфраструткура, бидејќи според Ристовски таа насекаде низ Македонија е во катастрофална состојба, а е главен услов за развојот на младите спортисти. Министерот кажа дека само во првите три месеци за врвниот спорт исплатени се 83 милиони денари поддршка за федерациите и клубовите, кои имаат меѓународни настапи.

Матеја Петровски