Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Од денеска вработените во образованието и здравството работат за повисоки плати

Растат платите на вработените во образование и здравство. Со новите колективни договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растат платите на вработените во образование и здравство. Со новите колективни договори кои Владата ги потпиша со синдикатите, административците во овие два сектора, априлската плата ќе ја добијат покачување од 7,5%. Од синдикатот за Образование задоволни, велат дека, во рок од година и половина Владата во неколку наврати им ги  зголемила платите, а очекуваат овој процес да продолжи и во наредниот период .

„Синдикатот грижливо ги следи економските состојби во државата и спогодбата со МОН, нашиот процент на зголемување ќе биде повоск со процентот на годишната инфлација од претходната година. Во таа насока платите во образованието идат  во нагорна линија“, изјави, Јаким Неделков претседател на  синдикат на  образование.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објасни дека откако тој е шеф на владата платите во образование и здравство се зголемени за 20%.

Реклама

„Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5% или што би се рекло ако почнеме од ноември месец 24 година па до денеска, над 20% за година и половина се зголемени платите на вработените во образованието откако оваа влада е избрана“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Сегашното покачување вклучува линеарно нивелирање од 8% и според пресметките, за приближно две години од сега, вработените во овие сектори ќе имаат повисоки примања за околу 40%. 

Со потпишувањето на новиот колективен договор, а кој што претходно беше договорен и усогласен со синдикатите на УПОЗ и САДУ, од април се очекува и сите да добијат покачување во државната и јавна администрација.