Реклама
Македонија

Од денеска во Скопје може да се изнајмуваат 100% електрични возила

Од денеска во Скопје стартува најновиот концепт за споделување возила „кар шеринг“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска во Скопје стартува најновиот концепт за споделување возила „кар шеринг“. Станува збор за електрични возила, кои се достапни преку мобилна апликација. Стартот на концептот симболично беше означен со тоа што во возилата пред Владата пристигнаа вицепремиерот Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска.

Придобивките од ваквиот начин на изнајмување возила се бројни – почист воздух, помалку метеж и поевтин превоз за граѓаните. Моментално има 100 возила, во кои се вклучени општините Аеродром, Гази Баба, Чаир и Кисела Вода. Цената ќе изнесува 22 денари по извозен километар.